Skip to main content
Балкан

Девет дојави за поставени бомби низ институции во Софија, едната е во детска градинка

12/08/2026  11:51

Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио.

Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија.

Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп.

Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското и радио емитувањето на програмите на Нова Бродадинг Груп.

Софиски медиуми јавија дека полицијата ги презема сите активности за справување со ситуацијата.