Skip to main content
Магазин

Денеска ќе се случи целосно затемнување на Сонцето ширум светот: НАСА предупредува овој феномен да се набљудува со соодветна заштита

12/08/2026  10:57

Денеска, на одредени делови во светот ќе има целосно затемнување на Сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, па сè до Шпанија и делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие Сончевиот диск. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно.

Според НАСА, максималното времетраење ќе изнесува две минути и 18 секунди над Гренландското Море, додека ширината на појасот на целосната сенка ќе биде околу 290 километри.

„Упатуваме апел до граѓаните да не гледаат директно во Сонцето за време на делумното затемнување без заштитни очила со официјален сертификат „ISO 12312-2“, се наведува во соопштението на астрономските друштва.

Според експертите затемнувањето не треба да се набљудува ниту преку двоглед, телескоп или дурбин без соодветна заштита.

– Гледањето директно во Сонцето без соодветна заштита може да предизвика сериозно и трајно оштетување на видот, предупредуваат тие.