Skip to main content
Македонија

Демонстрантите во Непал го запалија Парламентот

09/09/2025  17:33

Драматични слики доаѓаат од Катманду, главниот град на Непал, каде што демонстранти против корупцијата упаднаа во зградата на федералниот парламент. Густ чад и видливи пламени јазици се издигаа од зградата додека илјадници луѓе се собраа во близина, пркосејќи на полицискиот час воведен по вчерашната пукотница што дополнително го разгоре гневот на јавноста против владата.