
Голем сообраќаен застој утрово е регистриран на патниот правец Гостивар – Стража, по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила.
Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом.Меѓу возилата кои учествувале во сообраќајката има и камион кој превезувал дрва.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е значително отежнат, а на патниот правец Гостивар – Маврово е формирана долга колона од возила кои во моментов стојат или се движат со значително намалена брзина.
Засега нема информации за повредени лица

