Skip to main content
Свет

Британската антитерористичка полиција го пребарува теренот во близина на воената база Ферфорд

27/09/2026  17:00

Британската антитерористичка полиција почна истрага по апсењето на шест мажи во близина на военовоздухопловна база, што ја користи американската армија. Приведените се осомничени за дела поврзани со прекршување на британскиот Закон за експлозиви.

Во околината на Велфорд, Глостершир, евакуирани се повеќе објекти откако беше прогласено високо ниво на тревога. Антитерористичката полиција го прегледува теренот и неколку возила, при што се користи и роб за деактивирање на бомби.

Велфорд се наоѓа во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Ферфорд. Базата ја користат американските бомбардери Б-1, кои учествуваа во напади врз Иран. Ферфорд, исто така, служи како напредна оперативна локација на американската Команда за глобални напади, која управува со нападите на голема оддалеченост.

– Нема да разговараме за специфични мерки за заштита на силите поради загриженост за оперативната безбедност. Единицата останува будна и ќе ги преземе сите потребни чекори за да ја осигури безбедноста на американските војници, цивилите, изведувачите и нивните семејства, изјави портпаролот на американските воздухопловни сили во Ферфорд, каде е сместена 501-та единица за борбена поддршка

За инцидентот информиран е и британскиот премиер Енди Барнам.

Владата на Велика Британија во март одобри американското военовоздухопловство да ја користи базата Ферфорд за напади врз на ирански ракетни локации, од кои се таргетираа бродовите во Ормуска Теснина.