Skip to main content
Скопје

Без струја делови од Бутел, Шуто Оризари и Илинден, а без вода две улици во Центар

29/09/2026  08:56

Дел од корисниците од улиците „Никола Петров“, „Груица Војвода“ и „Македонска бригада“ во општина Бутел денеска од 7.55 до 9.55 часот ќе останат без електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8.30 до 11 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. „Гвадалахара“ лоцирани покрај гробиштата Бутел, како и корисниците од ул. „Македонско-косовска бригада“ – улица 42 во општина Шуто Оризари.

Од 9 до 13 часот електрична енергија ќе немаат ни корисниците од улиците број „10“ и „521“ во село Кадино во општина Илинден и од 10.15 до 12.15 часот – дел од корисниците од улиците „Бетовенова“ и „Адем Кастрати“ во општина Бутел.

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „20 Октомври“ во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17 и ќе трае до завршување на работните активности.