Skip to main content
Хроника

Арачиновец им извадил пиштол на работници на ЕВН

26/02/2025  16:47

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново стигнала пријава од страна на 55-годишниот С.Ц од Скопје дека едно лице со пиштол му се заканувало на него и на уште негови колеги сите вработени во ЕВН Македонија додека извршувале работни задачи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.