Search

Алвеш го навлече бесот на јавноста со изјавата за смртта на Астори

Знаејќи го бранот емоции кој ја зафати светската спортска јавност со смртта на италијанскиот фудбалер Астори, голем број медиуми пласираат информации поврзана со овој настан. Најнов шок кој беше пласиран во јавноста беше изјавата Дани Алвеш.

Тој изјави дека навистина жали за ненадејната смрт на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори, но сепак треба да се погледне на другата страна на смртта, кога веќе се говори, и да се види дека во светот секој ден умираат деца и воопшто никој не се потресува.

– Не го познавам фудбалерот, но сакам да изразам сочуство до семејството. Јас не сум потресен ако ме прашувате. Ова го говорам од аспект што секој ден умираат многу деца, дури илјадници деца и некој не се потресува. А тие деца умираат од глад, од болести и од други работи, а ќе дојде и денот кога ние ќе го напуштиме светот порано или подоцна. Сите сме со некаква мисија во животот, тоа ни е јасно на сите. Може Астори отиде на подобро место, – изјави Алвеш.

Треба да знаете
Последни објави