
На 25/26.07.2025 во времето од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај”, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш и Е.Ј.(22) од Берово.

Во осум поединечни случаи при преглед на лицата или во возилата во кои се превезувале биле пронајдени марихуана и четири таблети виолетова боја.
За сите настани бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.