Заврши потргата по судијата, Панчевски во затворот „Шутка“

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски бил уапсен, дознава 24 Инфо.

Директорот на затворот „Шутка“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека  Владимир Панчевски, од денска напладне се наоѓа во затворот.

Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан му била измерена температура, и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19 е примен во притворското одделение.

Панчевски неколку дена беше во бегство откако по судска наредба од Основен суд Велес за негово приведување, полицајци од ПС Центар три пати не го нашле  Панчевски на домашната адреса.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера на прес конференција изјави дека по Панчевски е распишана е потерница и оти се вршат оперативни проверки дали ја напуштил земјава.

Судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Треба да знаете
Последни објави