Skip to main content
Свет

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

15/06/2025  10:30

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење – ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.