
Синоќа, еден од најпознатите скопски локали беше местото каде што владееше музика, емоции и веселба – поводот беше 40-тиот роденден на пејачката Тамара Тодевска.

Славеничката, во впечатлив стајлинг и во друштво на најблиските, го дувна роденденското свеќе со нејзиниот партнер Лука, ќерката Тијана и мајка ѝ. Атмосферата беше исполнета со радост, музика и насмевки, а забавата траеше до доцна во ноќта.
Меѓу гостите беа голем број познати личности од македонската естрада, меѓу кои нејзините блиски пријатели: Катарина Ивановска, Роберт Билбилов, Сара Мејс и Димитар Атанасовски, диџеј Никифор, Каролина Гочева, Весна Петрушевска, Мартија Стефановска, Стефан Лазаров и многу други. Тие постојано објавуваа фотографии и видеа од веселбата, дополнително споделувајќи дел од роденденската атмосфера со своите следбеници.
Роденденот на Тамара уште еднаш потврди дека таа не е само еден од најголемите вокали во Македонија, туку и личност која обединува и инспирира.