
Планирате да подготвите месо за ручек, но штотуку го извадивте од замрзнувач? Наместо да чекате со часови природно да се одмрзне или да ризикувате да го препечете во микробранова печка, постои едноставно и ефикасно решение кое може да ви заштеди време.
Имено, сè што ви треба се два метални садови и малку топла вода. Прво, свртете го едниот сад наопаку и ставете го замрзнатото месо врз него.
Потоа наполнете друг сад со топла вода и ставете го директно врз парчето месо. Оставете го така помеѓу пет и десет минути и месото ќе биде подготвено за понатамошна подготовка.
Трикот е во својството на металот, особено алуминиумот, кој е исклучително добар спроводник на топлина. Топлата вода во горниот сад ја пренесува топлината низ металната површина, рамномерно распределувајќи ја по целата површина на месото. Благодарение на ова, месото се одмрзнува многу побрзо и поефикасно, без да се оштети неговата структура или вкус.
Овој метод е практичен, брз. Пробајте го следниот пат кога ќе заборавите да го извадите месото од замрзнувачот порано – резултатите ќе ве изненадат.