
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ организираше и спроведе превентивна акција во контекст на безбедното патување во летни услови.
Притоа полициските службеници им укажуваа на патниците при влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и секако со оглед на високите дневни температури пожелно одмарање во насока на избегнување на влијанието на температурите како ризик од можни сообраќајни несреќи.
Тие воедно заедно со волонтерите од Црвениот крст покрај корисните совети на патниците им делеа вода како и едукативни повеќејазични летоци со информативни содржини.
Ваквите и слични активности ќе продолжат и во наредниот период дотолку повеќе што се очекува натамошно зголемување на фрекфентноста на сообраќајот преку граничните премини, соопштија од МВР.