
На 13.06.2025 година во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот патот Кавадарци-Росоман, во близина на стопански објект се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (40) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Б.(31) од село Трстеник, општина Росоман, известија од МВР.

Во несреќата сопатничката од возилото „опел“ – П.Д. (42) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци, и потоа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошно лекување, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди.
За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, и увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.