Skip to main content
Хроника

Србинка лишена од слобода во Македонија, ја барале со Интерпол

14/06/2025  14:58

На граничниот премин Табановце, на влез во државата, вчера во 17.15 часот полициски службеници ја лишија од слобода Н.Ш.(46) од Србија, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „мини“ со германски национални ознаки, кое го управувала, било барано од Интерпол – Германија.

Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.