Skip to main content
Свет

Единствениот патник кој ја преживеа авионската несреќа: Сè се случи пред мои очи (ВИДЕО)

14/06/2025  12:04

Британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш, кој чудесно ја преживеа несреќата на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, моментално е во болница на лекување, и како што истакна самиот не може да објасни што се случило во моментот кога авионот почнал да паѓа.

Кога новинарот го прашал како успеал да излезе од авионот, Рамеш рекол:

Вратата за итни случаи беше скршена. Моето седиште беше скршено. Видов дека имам малку простор и се обидов да излезам. Се сеќавам на звукот од пукање метал и луѓе што трчаат, а потоа сè се стемни – рекол тој и додал:
Сè се случило пред моите очи. За момент почувствував дека ќе умрам, но кога ги отворив очите, бев жив. Го откопчав седиштето и излегов низ отворот. Пред моите очи, стјуардесите, тетки и чичковци лежеа мртви.
Рамеш се сетил дека неколку моменти по полетувањето, авионот како да застанал.

За една минута, се чувствуваше како авионот штотуку да застана. Зелените и белите светла трепкаа, рече тој.