Skip to main content
Свет

Експлозија во Москва, се запали автомобил

23/04/2025  21:40

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна на паркингот на трговскиот центар во московскиот деловен кварт, објави Ројтерс.

Снимките објавени од руските медиуми покажуваат густ црн чад кој се издига од облакодери долж бреговите на реката Москва .Причината за експлозијата се уште не е позната, а Ројтерс соопшти дека не е јасно дали имало некој во возилото во моментот на пожарот.