Два нови смртни случаи во Србија

Во текот на ноќта регистрирани се два нови смртни случаи од коронавирусот во Србија со што бројката на починати се искачи на шест. Последните две жртви се  маж на 80 години и 62-годишна жена.

Починатиот маж бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести и во последните неколку дена бил на респиратор. Боледувал и од неколку болести претходно. Жената од Ниш, која исто така била на респиратор, имала неколку хронични заболувања.

Вкупниот број на заразени во Србија се искачи на 384 лица, а излечени досега се 15. Најголемите жаришта се во Белград, Ваљево и Ниш.

 

Треба да знаете
Последни објави