Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вечерва кај ТЦ „Скопјанка“, дознава 24Инфо.
Според полицијата, која во моментов врши увид, во несреќата е повреден возачот на автомобилот „сеат“.
Несреќта се случила на самиот влез во Аеродром, на крстосницата од булеварите Кузман Јосифовски и Јане Сандански. Коловозот е влажен од дождот, а празните улици најверојатно го предизвикале возачот да вози побрзо од дозволеното.