Skip to main content
Македонија

Фетаи: Претседателството на ДУИ, како листа на Интерпол

11/03/2025  15:32

Вицепремиерот Арбен Фетаи оценува дека на партијата на Али Ахмети и се потребни длабоки реформи. Во емисијата „Дијалог те Лајми“, Фетаи рече дека ДУИ е во длабока внатрешна криза и дека нејзиното раководство наликува на список од Интерпол.

„Не можеме повеќе да продолжат со овие луѓе со кои се застапуваат во Собранието, што личи на список на Интерпол, секој од нив има десетици афери. ДУИ не може да продолжи со овие луѓе кои го опкружуваат нивниот претседател кои како што кажав, повеќе личат на листа на Интерпол раководство на партија.

Не можат да продолжат да ни продаваат морал, ниту на национално, ниту на етичко ниво, бидејќи веќе немаат кредибилитет за тоа. Подобро е да прават реформи и реформите почнуваат од врвот. Во минатото видовме дека ДУИ ги почнува реформите одоздола и ги знаеме резултатите од тие реформи. Во 2019 година, или кога беше, рекоа дека направиле некаков ветинг под водство на Артан Груби, а сега Артан Груби сега е на американската црна листа. На американската црна листа е и Рамиз Мерко кој го понинал тој ветинг”, изјави Фетаи во емисијата “Диалог кај Лајм”.