Бомба фрлена кон ресторан во Мостар

Силна експлозија одекнала рано утрово кај ресторан во населбата Текија во Мостар. Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон соопшти дека на објектот била фрлена бомба, пренесува порталот „Кликс“.

„Екипите се на терен, ќе знаеме повеќе по увидот“, соопштија од полицијата. Сараевскиот портал наведува дека во инцидентот нема повредени, но е направена голема материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави