Skip to main content
Хроника

Биланс на возачката некултура 777 казни – 212 возеле пребрзо, 53 без дозвола

05/03/2025  17:11

Полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли на подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издале 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирано е и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои биле технички неисправни.