Skip to main content
Македонија

Судот одлучи: Ќе се бараат податоци од базните станици на Телеком за бројот на Палчо и неговото движење

05/03/2025  14:22

Судот донесе одлука да се побараат информации од базните станици за мобилниот телефон на Љупчо Палевски.

Ова доаѓа по барање на неговата одбрана која објасни дека подотоците за неговиот број за 27.11 се празни, додека за останатите се заведени уредно во ексел табели. Обвинителството смета дека ова е непотребно бидејќи до судот ги доставиле онака како што ги добиле.

Судот исто така го прифати барањето на Палевски да се провери точното време за кое тој тврди дека бил во Халк Банка на денот кога е грабната Вања. Конкретно ќе се проверуваат камерите од банката кога тој чекал ред и дали тоа се совпаѓа со времето кога е убиено девојчето.