
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик против директор на основно училиште во струшко Подгорци.
Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
МВР денеска соопшти дека директорот на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки добиен е одговор дека лицето не е регистрирано во базата на податоци и евиденции во филијалата.