Skip to main content
Хроника

Делчево: Директор на училиште во четири очи договорил превоз за учениците

04/03/2025  14:12

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.В., 48 годишен од Делчево, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој како директор на основно училиште без соодветно спроведена постапка и без да склучи договор за јавна набавка за превоз за ученици усно договорил превоз со правно лице од Делчево, со што му овозможил противправна имотна корист од 193 илјади денари.