Skip to main content
Македонија

СДСМ: Кочоска да си даде оставка, покажа дека нема ниту грам морал, ниту пак совест

28/02/2025  16:38

Гордана Кочоска покажа дека нема ниту грам морал, ниту пак совест.

После сите нејзини срамни навреди и дискриминации кои ги погодуваат сите жени, секој човек кој бил дискриминиран таа не застанува.

Наместо извинување, наместо признание за грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжуваат со нападите, продолжуваат со обвинувањата, продолжуваат со нивната дрскост и нечовечност.

Наместо да покажат барем минимум почит и да се извинат, тие одлучија да ја нападнат уште повеќе, обвинувајќи ја дека „глуми жртва” и дека била предмет на „лажни изјави” и „дефокус”.

Па целата јавност ја слушна и ја виде кога ги изговори навредите во Собрание, не се луѓето будали.

Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, дискриминација и нечовечност.

ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска  покажаа дека не ги разбираат вредностите на современото општество, ниту болката што ја предизвикува ваквиот однос.

За нас, Кочоска повеќе не е министерка. Кога навредува граѓанки на оваа држава, кога шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада и да биде платена од парите на народот.

Гордана Кочоска мора веднаш да си поднесе оставка!