Skip to main content
Хроника

Малолетник фатен дома со 200 кесички со марихуана

28/02/2025  12:53

На 27.02.2025 околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана.

Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.