Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го освои ЕП во Б Дивизијата

Јуниорската репрезентација на Македонија го освои на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржа во Скопје, откако во големото финале славеше над Австрија (98-88).

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше подобра од Австријците во меч во кој целосно доминираше од почетокот до крајот.

Нашата репрезентација оствари осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.

Треба да знаете
Последни објави