Еден маж загина во пожар што изби вчеравечер во куќа на улицата „Љубен Весов“ број 54 во Велес. И покрај брзата реакција на Територијалната Противпожарна Единица Велес, која со две противпожарни возила и пет пожарникари интервенирала на самото место, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.
Пожарот бил откриен во развиена фаза во една просторија на куќата, а во текот на гасењето било пронајдено безживотното тело на сопственикот. Според информациите од ТППР Велес, по дојавата за пожар, пожарникарите веднаш излегле на терен, но за жал, спасување не било возможно.
Во 19:40 часот била повикана лекарска екипа од Брза помош, која по пристигнувањето само констатирала смрт. Од ЈЗУ Здравствен дом Велес потврдија дека не можеле да го спасат лицето.
Полицијата го истражува случајот и работи на утврдување на причините за пожарот.