Skip to main content
Хроника

Трагедија во Велес: Сопственик изгоре во запалената куќа

15/12/2024  12:22

Еден маж загина во пожар што изби вчеравечер во куќа на улицата „Љубен Весов“ број 54 во Велес. И покрај брзата реакција на Територијалната Противпожарна Единица Велес, која со две противпожарни возила и пет пожарникари интервенирала на самото место, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.