Skip to main content
Свет

Најмалку 3 лица го загубија животот, 4 повредени, а 39 се водат како исчезнати во пожар во фабрика во Индонезија

22/11/2026  09:21

Најмалку три лица го загубија животот, четворица се повредени, а 39 се водат како исчезнати во пожар во фабрика за слатки во западниот дел од островот Јава во Индонезија.

Пожарот избувна синоќа, а операцијата за пребарување и спасување продолжува денеска.

Петнаесет лица се спасени, од кои четворица се пренесени во здравствени установи.

Фабриката е во сопственост на кондиторската компанија „Фонуа Агунг Мулија“, која се наоѓа на околу 50 километри од Џакарта, во округот Серанг – изјави претставник на спасувачките служби. 

Причината за катастрофалниот пожар засега не е позната. Надлежните институции започнале истрага за да утврдат како избувнал огнот и дали функционирале противпожарните системи во фабриката.