Search

Солскјер ги враќа насмевките на „Олд Трафорд“: Учев од Фергусон

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, рекол додека секој играч на Манчестер Јунајтед ќе добиел шанса за да покаже дека заслужува место меѓу „црвените ѓаволи“.

Норвежанецот кој како играч мина 11 сезони на „Олд Трафорд“ е именуван за наследник на Жозе Мурињо. Според првичниот договор Солскјер ќе биде тренер на „црвените ѓаволи“ до крајот на оваа сезона.

„Чувствувам дека се вратив дома. Овие неколку дена беа чудни. Знам дека клубот е во потрага по наредниот менаџер, но јас во периодот што следува ќе се трудам да бидам добар, да работам најдобро што знам. Ќе се обидам да направам играчите да уживаат во фудбалот, а се радувам и на нвата средба со навивачите“, изјавил Солскјер за клупската телевизија.

На констатацијата дека е миленик на навивачите, Солскјер рекол:

„Колку долго ќе трае тоа?“

Во наредните 11 дена, пред фудбалерите на Манчестер Јунајтед се четири натпревари.

„Мислам дека тоа нема да биде проблем, бидејќи имаме фантастична група на фудбалери. Располагам со 23-24 фудбалери, сите се квалитетни и сите ќе добијат шанса. Мораме да повторно да ја вратиме навиката да победуваме“.

Норвежанецот како тренер на младинските категории во Јунајтед работеше од 2008 до 2011 година. Во тоа време сер Алекс Фергусон се уште го предводеше првиот тим. Солскејр по 2011 година работеше во Молде, а девет месеци во 2014 година го тренираше Кардиф.

„Го имав најдобриот учител. Феругусон е најдобриот и темел на моето менаџирање е она што тој ме научи. Мечот со Кардиф ќе биде нешто посебно. Добро ги контролирам емоциите, но секако дека е необично што на ваков начин ќе се вратам во Кардиф. Тогаш ми беше чудно кога го предводев Јардиф против Јунајтед, сега ќе бидам на вистинската страна“, заклучил Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави