Search

Субашиќ ја доби битката со Шмајхел, Хрватска е во четвртфиналето на СП

Репрезентацијата на Хрватска по голема драма и по пенал серијата ја победи Данска и обезбеди четвртфиналето со Русија на 21. Светско фудбалско првенство.

Хрватите и Данците во Нижни Новгород одиграа исцрпувачки меч кој заврши без победник 1-1 по 120 минути игра. Во овој дел најзначајните моменти се случија во првите четири минути кога стрелаа Јоргенсен и Манџукиќ, а пред самиот крај на второто продолжение Лука Модриќ промаши удар од 11 метри (116 минута), односно голманот Шмајхел го прочита и жива му ја собра топката.

Ова значаше дека пенал рулетот ќе мора да го одлучи победникот, а во истото свое шоу имаа голманите. Дури пет пенали не беа искористени, односно беа одбранети од Субашиќ и Шмајхел.

На крајот Хрватот беше подобар (3-2), па коцкестите со погодокот на Ракитиќ во десетта серија си го трасираа патот до четвртфиналето на мундијалот.

Треба да знаете
Последни објави