Агенти на УБК тепале „сведок“ во Банско, струмичко

Агенти на УБК тепале „сведок“ во Банско, струмичко

Четворица агенти на УБК во тајна база на полицијата во село Банско, близу Струмица, два пати, по неколку дена, крвнички го тепале и го гореле по телото Рамадан Бајрами од Куманово, со цел од него да направат лажен сведок во случајот Сопот, објави Судство.мк.

Бајрами, кој е од кумановоското село Сопот, во 2003 година, бил киднапиран од пред судот во градот од агенти на УБК и присилуван да ги обвини неговите соселани дека ја подметнале нагазната тенковска мина од која загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин.

Треба да знаете
Последни објави