Маж нападнат во кафеана, го удриле со чаша по главата

Маж нападнат во кафеана, го удриле со чаша по главата

Шеесет и двегодишен маж од селото Брњарци, Скопско, пријавил дека во угостителски објект на улицата Маџари бил физички нападнат од страна на четири непознати лица.

„Додека седел во угостителскиот објект, влегле лицата и едно од нив со чаша го удрило во пределот на главата“, соопшти во билтенот Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави