Skip to main content
Хроника

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

29/09/2026  16:04

Двајца малолетници од липковското село Матејче се приведени откако со остар предмет нападнале 16-годишно момче, кое се здобило со тешка телесна повреда, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера во 00:30 часот ги лишиле од слобода двајцата малолетници.

Тие се сомничат дека во селото Матејче со остар предмет нападнале 16-годишник. Поради сериозноста на повредите, момчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.