Skip to main content
Хроника

Мотоциклист удрил жена на патот Кичево – Охрид

28/09/2026  11:57

На 27.09.2026 во 15:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај кичевското село Подвис, С.Т.(48) од Кичево кој управувал мотоцикл „сузуки” со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А.(51) од Кичево.

Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, додека Б.А. се здобила со телесни повреди. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Охрид.