
Во Косово денеска е уапсен Р.К., првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави телевизија Алсат.

Според информациите на телевизијата, Р.К. бил приведен од косовската полиција, додека потрагата по вториот осомничен во случајот сè уште трае.
Убиството се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Според досега објавените информации, Р.К. и И.С. се осомничени дека пукале кон група лица.
Во вооружениот напад беше погоден 26-годишниот А.М., кој подоцна им подлегна на повредите, додека уште неколку лица беа повредени.
Истрагата за случајот продолжува, а вториот осомничен засега останува недостапен за органите на прогонот.
Засега нема дополнителни официјални информации за постапката што ќе следува по апсењето на Р.К. во Косово.


