
Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот.
Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце.
„Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со вода потебна е поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.
Тој кажа дека жителите на градот во текот на денот ќе чувствуваат непријатна миризба и додаде дека очекува до крајот да денот, Општината да се справи со пожарот.


