
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.
Талогот од СДС си го покажа вистинското лице.
Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт.
Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС.
И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.
Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија.
Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена.



