
На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото.
При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв”. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.



