
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтер вечерва беше почувствуван во Скопје и околината.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот е регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околните населени места со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Сеизмолозите продолжуваат да ја следат сеизмичката активност во регионот.


