
Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираме дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа:
– Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd.
– YES -EU DENMARK A/S YUTONG
– BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi
– IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN
По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа:
– BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi
– IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN
Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3 120 956 004 денари дез ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење.
Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложи избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.
По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:
-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот
– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот
-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот, соопштија денеска од Министерството за транспорт.
