Skip to main content
Економија

СДСМ: Уште еден доказ „мигранти за пари”

20/01/2026  09:20

Соопштение за јавност на СДСМ:

Пред неколку дена со одлука на Владата на Мицкоски отворена е вратата за влез на 10.000 „економски работници”.

Иако во Македонија има околу 100.000 невработени.

Пред ова, Владата на Мицкоски го смени и Законот за странци за да го олесни доаѓањето.

Ова се поклопува во целост со пишувањето на британските медиуми за „стратешки договор” согласно кој мигрантите би добиле работни визи во Македонија за работа во различни сектори.

Сега кујните на ВМРО објавуваат вести дека граѓаните не ја подджале онлајн петицијата на СДСМ којашто СДСМ ја прекина само по неколку дена, затоа што ВМРО изгласа Декрет како од Третиот рајх за забрана на слободата на говор.

Но сега, што прави ВМРО со ова?

Го користат за да наметнат мислење дека всушност граѓаните не ја поддржале петицијата, затоа што поддржуваат доаѓање на мигранти односно „економски работници” како што ја сменија терминологијата.

Драги граѓани на Македонија, дали сега ви е јасно дека договор „мигранти за пари” има? 

Еве, преку оваа објава тие тоа и го потврдија.

Пари нема во буџетот, веќе сега недостигаат 2 милијарди евра, на тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ им фрлат пари за нови тендери.