Skip to main content
Македонија

Грипот зеде уште една жртва

18/01/2026  12:01

Пациент починал од грип на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Како што кажа директорот Фадил Цана, кај пациентот кој бил дојден од внатрешноста симптомите се развиле пред пет дена и бил поставен на механичка вентилација.

– За жал, вчера во утринските часови на Инфективна клиника почина 69 годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респиратрен дистрес синдром, рече Цана.

Пациентот имал бројни коморбидитети и не ја примил сезонската вакцина против грип, иак бил во ризичната група.