Skip to main content
Македонија

(Видео) Покрив од зграда падна во Куманово

28/12/2025  11:28

Од силниот ветер утрово во Куманово падна покрив од станбена зграда.

Остатоците од покривот завршиле на кружниот тек во близина, по што сообраќајот се одвива отежнато.

На лице место се екипи на полицијата кои го обезбедуваат теренот до негово расчистување.

До овој момент, нема информации за дополнителни штети или повредени лица.