Skip to main content
Балкан, Хроника

80-годишен дедо од Македонија отишол да се запознае со девојка во Белград – го претепале и ограбиле

07/05/2025  13:36

Осумдесетгодишен Македонец бил претепан и ограбен пред 3 дена во Белград. Имено, како што тврди тој, преку социјална мрежа запознал една белграѓанка со која договорил средба.

Зел хотелска соба и, според него, отишол во парк да ја запознае наводната девојка од Фејсбук.

Наместо тоа, се појавила група мажи кои, како што вели, го ограбиле и претепале.

Истрагата е во тек.

Извор: 4News