Skip to main content
Хроника

53-годишник не застанал на знак за запирање и со возилото удрил полицаец

25/07/2026  14:36

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско.

Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес” со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски слуижбеници, и со возилото удрил полициски службеник.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.