
Центарот за управување со кризи инфомира дека на ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 51 пожар на отворен простор.
Од нив, пет пожари се активни, четири се под контрола, а 42 се изгаснати.
Активни пожари има во:
Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума).
Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација и шамак).
Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација).
Општина Крива Паланка – с. Муждивњак (ниска вегетација и багреми).
Општина Могила – во атарот на с. Лозани (ниска вегетација).
Пожари под контрола се:
Општина Делчево – градска депонија (депонија).
Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација).
Општина Кичево – с. Манастирско Доленци (шума).
Општина Јегуновце – с. Копанце (шума и ниска вегетација).
Изгаснати се 42 пожари во општините Куманово, Битола, Прилеп, Долнени, Македонски Брод, Теарце, Липково, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар Жупа…


